На некој ќе му се посреќи во љубовта на некој во кариерата: Неделен хороскоп (24-30.07.2023)

|

Овен
Љубов: Ве очекуваат мали љубовни грижи кои повремено ќе ви влијаат негативно врз расположението, но нема да биде ништо сериозно. Сфатете го тоа како предизвик кој може да ве поттикне и двајцата да ја подобрите вашата врска уште повеќе.

Кариера: Веројатно ќе ве контролираат одвреме-навреме, но вие ќе го игнорирате тоа. Никогаш не е пријатно да се биде под контрола, но овој пат ќе биде во ваша корист. Ќе добиете дополнителни поени. Затоа, не грижете се премногу.

Бик
Љубов: Овие денови нема да бидете расположени за ништо, а оддалеченоста во личните односи ќе биде ваш одговор на потребата од нежност на другата страна. Сепак, покажете барем малку внимание за да не зажалите подоцна.

Кариера: Никој не сака да се справува со грешки, но ќе мора да се справите со заостанатите работи. Станува збор само за мали нешта за кои не треба премногу да се грижите. Прифатете го тоа како дел од работата низ која треба да поминете за да дојдете до поголеми резултати.

Близнаци
Љубов: Од ден на ден ќе се чувствувате сè подобро и подобро во друштво на саканата личност. Некои ќе ја обноват блискоста која долго време не ја почувствувале, други ќе заминат на интересно патување како пар, а останатите, кои можеби сè уште не се во врска, ќе почнат повеќе да излегуваат.

Кариера: Повлекувањето во мирот на сопствениот дом ќе биде вашата главна преокупација оваа недела. Сепак, внимавајте и на можните конфликти со надредените на работа.

Рак
Љубов: Ќе вложите голема енергија во зајакнување на врската со саканата личност. Напорот ќе вроди со резултати. Ќе користите нови идеи кои повремено ќе ја изненадат другата страна и ништо нема да ве спречи да ги изразите вашите емоции.

Кариера: Понекогаш ќе пропуштите вистински предизвици бидејќи оние што ги доживувате секојдневно ќе ви бидат особено стресни. Не откажувајте се и борете се докрај.

Лав
Љубов: Ќе има малку помалку настани, но сепак вашиот љубовен живот ќе биде прилично забавен. Можно е да го намалите излегувањето и да уживате повеќе дома во друштво на саканата личност. Оние кои сè уште не се во врска би можеле да најдат љубов на сосема обични места.

Кариера: Ќе сонувате за подобра работа и поголеми цели. Сепак, важно е да бидете реални и да си поставувате цели на зрел начин. Оние кои ќе успеат во ова ќе се движат кон добри резултати. Ви треба повеќе трпение.

Девица

Љубов: Идејата за заведување е нешто што понекогаш ве збунува. Ќе си поставите многу прашања. Деновиве не се исклучени ситуации кога луѓе од спротивниот пол ќе почнат да ви пристапуваат.

Кариера: Што и да е на дневен ред, вие ќе бидете главниот двигател на целата работа. Заедно со тоа ќе има одредени напори и стрес. Ќе имате енергија за двајца, па ништо нема да ви биде тешко, а вашата репутација ќе расте.

Вага
Љубов: Ќе се стекнете со многу нови познанства, но нивниот карактер во емотивна смисла ќе остане површен. Затоа, повеќе ќе зборувате за љубовта отколку што ќе ја чувствувате. Без разлика на сè, многумина од вас ќе приредат убави забави за своето друштво.

Кариера: Луѓето со кого работите во бизнисот и кои се ваши претпоставени, би можеле да ве изненадат со некој сосема нов и неочекуван предлог. Отпрвин нема да знаете како да реагирате, но брзо ќе сфатите дека тоа е добра можност. Соработувајте.

Скорпија
Љубов: Во личните односи сѐ поважно ќе ви биде прашањето за толеранција, а токму тоа ќе ве однесе чекор напред. Ова се денови кога ќе имате можност да вежбате меѓусебно почитување.

Кариера: Ќе наидете на поддршка од сите ваши контакти за сите идеи и проекти. Сепак, послушајте го внатрешниот глас и задржете некои работи за себе.

Стрелец
Љубов: Секој ден ќе има сè повеќе размени на идеи, разбирање и хармонија помеѓу вас и вашиот партнер, а довербата ќе расте. Ќе бидете задоволни и среќни што е така.

Кариера: Избегнувајте отворено покажување емоции во деловните комуникации и контакти затоа што некој може да ве доживее како непрофесионална личност.

Јарец
Љубов: Поголемиот дел од оваа недела вашиот приватен живот нема да биде целосно смирен. Ќе ви биде потребно многу трпение за разговорите да напредуваат во конструктивна насока. Од друга страна, обидете се да останете пореални и да ги намалите вашите љубовни очекувања.

Кариера: Ви се отвора вратата за соработка со сосема нови и млади колеги. Ќе ви биде мило поради тоа. Згора на сè, ќе имате можност да им помогнете на колегите со вашите искуства и знаења.

Водолија
Љубов: Оние кои деновиве имаат семејство целосно ќе му се посветат или еден член од него ќе го бара нивното внимание. Оние во нови врски ќе поминат низ првата криза во која ќе треба да покажат малку повеќе разбирање за другата страна.

Кaриера: Лесно ќе се справите со сите предизвици на кои ќе наидете во вашата професионална работа. Вашата вродена сериозност овој пат ќе биде хармонично измешана со лежерноста, па многумина ќе се изненадат колку смело се справувате со целата работа. Ќе успеете во поголемиот дел од она што го планирате.

Риби
Љубов: Ве очекуваат позитивни промени во однос на љубовниот и социјалниот живот. Многумина од вас ќе внесат допир на свежина во нивната врска така што ќе се одлучат на заедничко патување. Оние кои сè уште се сами треба почесто да излегуваат од дома.

Кариера: Вашите надредени најверојатно ќе ви понудат нешто што можеби и нема многу да ви се допадне. Сепак, ќе мора да го прифатите понуденото и да се приспособите најдобро што знаете. Имајте на ум дека подоцна сè ќе ви биде полесно.