Неделна анализа на времето на Славчо Попоски, но и сезонска прогноза за претстојното лето: Ќе биде ПЕКОЛНО ЖЕШКО

|

За време на овој викенд и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава, времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Потоа локална појава на попладневна нестабилност ќе има и во првите денови од следната недела, но ќе се задржи МНОГУ ТОПЛОТО време, и температурите на воздухот ќе бидат без поголеми промени.

Барем одсега гледано, во текот на целата наредна недела не се гледа целосна стабилизација на времето, па така во попладневните часови секојдневно мора да рачунаме на локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на град.

Температурите кој ќе ги имаме во следниот период ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.

Што точно ќе се случува ова лето со времето? : Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со чести продори на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, температурите често се очекува да се искачуваат до, па дури и над 40 степени во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, но повремено мора да рачунаме и на појава на ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (Локални поплавувања, интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град, како и силен ветер).

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki