– За време на овој викенд ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО време во Македонија, а денес ќе има и повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално ќе наврне и позначително количество на воден талог. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степен и и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Од утре, па во текот на следната седмица ќе имаме значително постабилно и посончево време, иако повремено ќе има услови за ретка појава на попладневна нестабилност, а температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искчуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
Барем одсега гледано, нова тура на горештини ќе има веднаш после 15 јули – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.