Фудбалот или најважната споредна работа во светот во Македонија датира од многу одамна, уште од времето кога Македонија била под турска власт или поточно 1909 година. На 9 април е создадена првата учителска школа во скопската населба Идадија или тогашна Ислахане, и е одигран првиот натпревар кој го играле меѓусебе. Токму затоа овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
Скопје по се некако е поврзан за овој извонреден спорт, тука се родени големи фудбалски имиња, тука се неговите корени, тука е сознаден и првиот фудбалски клуб „Ускип“ (Скопје) како претходница на СК Вардар, па не е ни чудо што младите овде живеат за овој спорт.
Секое второ дете тренира во некој од младинските клубови, ја разгорува желбата за професионално занимавање, создава соништа за успех, талент не недостасува секако, а сепак резултатите се поразувачки, заземајќи го 162 место според последното рангирање на ФИФА. Премногу желби, премалку можности. Веројатно во оваа тематика се кријат многу неразјаснети работи.
На темата младите и фудбалските надежи, можности и успеси/неуспеси во Македонија зборуваме со Андреј Ацевски, млад и перспективен фудбалер во Македонија кој со фудбал се занимава од својата 9 година. Кариерата најпрво ја започнува во ФК Работнички, па подоцна во ФК Вардар каде и што дебитираше во прва лига, а сега веќе две години е дел од ФК Силекс.
1. Колку младите во Македонија сакаат да тренираат Фудбал и имаат надеж во Македонскиот фудбал?
– Мислам дека младите во Македонија сакаат и се доста заинтересирани да тренираат фудбал. Тоа може да се види по големиот број на деца кој тренираат во клубовите и зголемениот број на приватни школи, па со тоа сигурен сум дека тие носат надеж дека македонскиот фудбал ќе оди кон подобрување.
2. Колку Македонија како земја вложува во млади таленти во Фудбал?
– Сигурно дека вложувањето во младите е сигурен пат до успех и поквалитетен македонски фудбал и мислам дека доста луѓе го препознаа тоа и прават напори да се обезбедат подобри услови и да се вложува во младите за да се подигне квалитетот но сепак има уште многу да се работи за да се стигне на посакуваното ниво.
3. Дали се исплати во државава да се бавиш со овој спорт професионално, оносно дали може да се направи успешна кариера (и заработка) со која би се излегно и надвор од нејзините граници?
– Финансиките услови во македонскиот фудбал се далеку во однос на западните лиги или новите фудбалски лиги и региони кои се во подем, но и тука постојат напори и посериозни вложувања од неколку клубови да се направи успех и да се стигне професионалноста од странство а за успешна кариера секако дека може да се направи како и што досега многу македонски фудбалери тоа го направиле.
4. Се повеќе деца тренираат фудбал, а сепак лоши резултати во целост, на што мислиш дека се должи тоа?
– Мислам дека тоа се должи од непрофесионалноста и недоволното ценење на сопствените квалитети што ги имаме. А секако и дека од условите кои треба се повеќе да се подобруваат за да ги стигнеме остантатите земји.
5. Дали спортскиот живот е тежок и бара многу откажувања во животот?
– Мислам дека е тежок и секако бара откажувања ако се земе во предвид дека процесот на тренирање започнува уште од млади години кои бараат напорна работа и време како и професионалните навики кои истите ги создава.
6. Дали сметаш дека како земја сме спортска нација, го сакаме спортот или само победите?
– Искрено мислам дека сме спортска нација која секако сака да победува и понекогаш кога ќе загубат македонските спортисти знаеме да бидаме доста критични, но не мислам дека сме заинтересирани само за победите
7. Како фудбалер дали неуспесите на државно ниво влијаат на желбата за спортување и како сметаш дека може да ја подобриме ситуацијата?
– Секако дека неуспехот на државно ниво влијае на атрактивноста на спортот пред се кај младите генерации и можеби во желбата за инвестирање кај сопствениците. Нашите успеси во ракометот и во кошарката направија овие спортови да ја зголемат популарноста и атрактивноста кај младите кои повеќе тренираат. Па со зголемено инвестирање и подобрување во условите на македонскиот фудбал и со негување на модерни фудбалски учења секако дека ситуацијата ќе се подобри.
8. Омилен фудбалер/идол?
– Зинедин Зидан
(Н.Ј)