Турската актерка Фахрие Евџан е пред породување, пишуваат турските медиуми. Таа и нејзиниот сопруг, глумецот Бурак Озџивит, за неколку дена треба да станат родители, а викендов беа на театарска претстава во Истанбул.
Популарните турски актери беа фотографирани додека се упатуваа на стендап шоуто на Џем Јилмаз во Истанбул.
Тие на новинарите им раскажаа дека се е подготвено за раѓањето на синот Каран и дека со нетрпение чекаат тој да се роди.
Убавата филмска ѕвезда, која е позната по улогата на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“, го истакна трудничкото стомаче во црн фустан, кој го надополни со кожна јакна и кратки чизмички.
Медиумите пишуваат и дека популарната Неџла изгледа совршено и дека скоро воопшто не се поправила во текот на бременоста. Погледнете: