Неговиот глас се слуша низ целиот свет: Млад Кинез, уличен изведувач ги пее песните од Тоше Проески

|

Според она што можевме да го прочитаме од неговата биографска книга „Ова не е крај“ која ја напиша новинарката и голема пријателка Соња Алексовска Неделковска, нашата најголема музичка легенда Тоше Проески имаше големи планови и веќе склучени договори кои ќе му ја донесеа светската слава.

Сепак поради утрото во 2007 година сите планови едноставно потонаа, иако на фановите им останаа уште многу необјавени песни кои пост*умно беа објавени изминативе години, а ги има уште.

Тоа зборува за големината на Тоше и за тоа колку напорно работел на неговата кариера и во потполно светло го оправда епитетот легенда.

И покрај несреќниот крај, Тоше си својот гласи и по заминувањето продолжи да ги освојува фановите ширум целиот свет, а ова е уште еден пример за тоа.

Имено, уличниот изведувач, кој на социјалната мрежа Инстаграм е потпишан како „Wang Xiao Chong“, среде Пекинг ги пее и свири на гитара преубавите песните на нашиот Тоше.

Под неговите објави со српските песни од легендарната музичка ѕвезда се редат поздрави и пофали од голем број Македонци, благодарни што уметноста на непрежалениот Тоше се слуша и слави на далеку, дури на другиот континент, години по неговото заминување.

Засега на својот профил има објавено две пески „ Још увјек сањам да смо заједно“ која е издадена пост*умно (и можете да ја слушнете со клик ТУКА) и песната „Чија си“ со која Тоше победи на Беовизија во Србија (истата во изведба на Wang Xiao Chong можете да ја слушнете со клик ТУКА).