Општина Дојран е заинтересирана за хидросистемот Ѓавато.
Градоначалникот Ангов вели дека неколкупати досега разговарале со Министерството за животна средина за потребата системот да продолжи да функционира, но во поинакви услови.
Ангов вели дека хидросистемот Ѓавато може да носи многу бенефити за целата заедница, но мора рационално да се употребува.
Вели дека езерото е во добра сосотјба, но не смее да се дозволи да пропадне инвестициа вредна 16 милиони евра.
Хидросистемот Ѓавато без никаква најава престана да работи почетокот на месец март. Причина според министерството за животна средина се огромните трошоци за функционирање на системот.
Покрената е постапка за раскинување на концесијата и со малата хидроелектрана Топлец.
Вработените уште доаѓаат на работа и земаат плата, но не е познато каква ќе биде иднината на хидросистемот.
Сузана Мицева