Откако во една емисија излезе на виделина одлуката на Марија Шерифовиќ да ја игра улогата на мајка, јавноста не престанува да пишува за тоа, а Верица Шерифовиќ е преплавена од емоции, што нејзината ќерка воопшто размислува за ваков голем чекор.
– Ова прашање е многу интимно, особено во овој случај. Со нетрпение го чекам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу плански начин, кога ќе бидам подготвена да ја потчинам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор – изјави Марија во една прилика, откривајќи дека сака син.
– Чекаше да ја најде вистинската личност со која ќе одгледа дете, но бидејќи тоа не се случи, а веќе има 37 години, реши да биде самохрана мајка. Животната желба на Марија е да има дете и тоа ќе се случи наскоро, таа ќе избере донатор и ќе се обиде во процесот на ин витро оплодување. Решила да живее со Верица, која ќе и помогне со детето. Верица едвај чека да стане баба – вели извор близок до пејачката.