НЕКА НЕ ВЕ ЛАЖАТ, ТОЧНО ЌЕ ВИ КАЖАМ КОЛКУ СЕ ЗАРАБОТУВА ВО ДУБАИ

ИЗВОРСкопје24
|

-Ние сме многу повеќе подготвени него луѓето од Азија, спремни сме да работиме на повеќе позиции и прекувремена работа, и затоа успеваме во странство, вели човекот кој брзо напредуваше од позицијата келнер на позицијата менаџер во ресторан во Дубаи.

Во Македонија е сè почеста појавата да се оди во странство за подобар живот. Многу често слушаме: “Само оди, нема живот тука” или “Секаде е подобро”. Младите обично сакаат да го остварат “американскиот сон”, па затоа обично одлучуваат да одат во Америка како студенти неколку месеци и да останат со години незаконски.

Тука е и Шведска која ги отвори своите граници за странски државјани, па Германија и Австрија како ветена земја за медицински работници. Ние ќе ви ги покажеме предностите и недостатоците на работењето во Дубаи.

Прво да ви кажам дека тоа не е толку едноставно како што изгледа. Претпоставувам дека повеќето од кандидатите аплицираат преку странски веб-страници, ги испраќаат нивните биографии и добиваат повик во следните неколку недели, по што имаат виртуелен разговор за Skype.

Визата ви ја средува работодавачот кај кој ќе работите и вие сте спремни за заминување. И што потоа се случува и како се заработува, никој не пишува. Се разбира, секогаш читате позитивни коментари на страниците, како да е сместувањето супер, храната е одлична, заработката не може да биде подобра, итн.

Да, тоа не мора да биде неточно, но зависи од чиј агол се гледа. Високообразованите луѓе заработуваат многу добро и нивната месечна плата всушност е во илјадници евра. Ова се професии како градежни работници, архитекти, лекари, стоматолози.

Овие работни места се навистина добро платени и вреди да се замини. И да, голем број Македонци со овие занимања навистина се се збогатуваат со работа во ЕАУ. Но што е со поголемиот дел од другите струки, како што се келнери, шанкери, луѓе кои работат како обезбедување ? Дали исто така заработуваат толку многу пари ?

Според некои информации, платата на позициите што ги споменав е 500-800 евра со платено сместување и храна. Сместувањето и храната мора да се земат со резерва бидејќи сместувањето некогаш може да биде многу километри оддалечено од Дубаи. И храната, Индиската храна е секогаш евтин избор, па ако не сте пребирливи со храна, ќе помините.

Во спротивно, ќе ви требаат најмалку 30 евра дневно за храна. И кога ќе ја поделите оваа месечна заработка со сите трошоци што ги имате, нема да заработите многу. Да го намалам песимизмот, убаво е што ќе го посетите едно од најпосетуваните места во светот, ќе се запознаете со источната култура и луѓето, ќе се изнасликата за фејсбук и ќе се вратите со празни џебови.

Се разбира, секогаш постојат оние кои се снаоѓаат и многу брзо напредуваат. Она што го кажуваат што е клучно за успехот во работењето во Дубаи е подготвеноста, активноста, отвореноста кон различни типови на работни места и позиции. Во Емиратите тоа се цени, па затоа и многу Македонци успеваат таму, за разлика од Азијците. Потребен е ентузијазам и желба за успех.

Што се однесува до девојките, тие се најпрво се вработуваат во авионски компании, како стјуардеси или хостеси. Дубаи има повеќе од 400 хотели и лесно се наоѓа работа во хотелиерството. Работата како стјуардеса е навистина добро платена, но бидете подготвени за исцрпно тестирање, обука и “живот во авион”. Исто така би сакал да истакнам дека девојките во таква ситуација треба да бидат екстремно внимателни.

Често многу од нив се заведени со гламурот и блескавиот сјај на оваа метропола и завршуваат како елитни “јахта проститутки”, каде што за една ноќ се заработуваат и 3.000 евра. На почетокот на сите им изгледа како да ќе станат идната Сидни Крафорд, а всушност стануваат жртви на широко распространета трговија со луѓе.

Доколку сепак се одлучите за Дубаи како златна оаза, треба да бидете подготвени на тоа што за секое работно стигнуваат околу 70 000 апликации до нив, на пример, а тие избираат 3.000. Значи треба да сте поинакви и уникатни за да успеете да влезете во игра.