Некогаш мало преслатко девојче, а денес успешна во својата професија: Ќе погодите ли која македонска пејачка е на фотографијата?

ИЗВОРСкопје24
|

Постарите фотографии во албумите кои ги чуваме како архива секогаш знаат да не потсетат на некои убави моменти и да ни разбудат сеќавањата.

Многу бројни јавни личности знаат да извадат некоја фотографија од архива, па да покажат како изгледале некогаш.

Од свеото детство, па досега многумина од нив се промениле, а некои можеби и нема да ги препознаете. Но, како и да е, тие фотографии секогаш не враќаат на среќни мигови и не потсетуваат на тоа што сме биле, а што сме денес.

Таква една фотографија извади Калиопи Букле која се потсети на своето детство и како изгледала како девојче.. Македонската дива, со успешна кариера, на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија, а во описот напиша:

„Таа се уште ме води, уште е будна и активна и полна со надеж“ напиша Опи на објавата.

Калиопи денес важи за една од нашите најуспешни пејачки во Македонија и регинот која зад себе има многу хитови кои ќе останат вечно во архивата на македонската музика.

Извор: vistina.mk

Пред неколку месеци таа реши да се отвори и да прозбори за својот приватен живот, како и за својот син Пако.

Интервјуто на Калиопи е пред еден од нејзините концерти, кои ги одржуваше во белград, во „Коларац“. Во интервјуто таа зборува и за двата развода – со Ромео Грил и актерот Васил Зафирчев. Како ги надминувала тешките мигови во животот, но открива детали и за својот син Пако.

„Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме, а веќе следната година отидовме во студио и направивме албум. Некому му е тоа чудно, но не и нам. Ромео е моето главно рамо за плачење и ден-денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе“, раскажала Калиопи за односот со Ромео Грил од кого е разделена повеќе од две децении.

Таа вели дека во животот не може сѐ да биде онака како што ние сакаме. Вели дека не се кае за ништо што досега направила оти што и да се случило, тоа е нејзината приказна. „Не е убаво кога во животот е сѐ мазно, мора да има и малку прашина“, рекла Букле потенцирајќи дека и вториот развод не го сфатила трагично.

На прашањето за нејзиниот синот Пако, кој со татко му Ромео Грил живее во Швајцарија, Калиопи изјавила:

„Најемотивен момент во мојот живот беше раѓањето на мојот син Пако. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Постојано ни вели: Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“, така што морам да ги почитувам неговите желби“, изјавила Калиопи за српските медиуми.