Некогашната девојка на Жељко Јоксимовиќ се пофали со фотографии од дружбата со Наоми Кемпбел, Викторија Бекам и Џони Деп (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Српската водителка Адриана Чортан, која во месец септември минатата година се омажи за бизнисменот Немања Симиќ, на сите им покажа како ужива во Доха, каде се наоѓа со сопствениците на една компанија.

Адриана се наоѓа во Катар, на доделувањето на модни признанија, а ужива во друштво на светски познати фаци, па со заеднички фотографии од дружењето се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.

Веруваме дека многумина би посакале да се на нејзино место, а некогашната девојка на на Жељко Јоксимовиќ позираше со широка насмевка на лицето.

Инаку славниот заводник Џони Деп повеќе недели изминатиов месец се наоѓаше во Белград каде снимаше сцени за неговиот најнов филм „Минимата“, па голем дел од српските јавни личности имаа шанса да го запознаат, а некои дури и да поминат прекрасна вечера со него.