Некој го реновирал тоалетот па сè фрлил во Охридско Езеро

ИЗВОРСкопје24
|

Деновиве темата за Охридското Езеро и неговата безбедност е актуелна, па членовите на Нуркачки центар „Akvatek“ како големи вљубеници во Охридското Езеро, постојано апелираат да се внимава што се фрла во Езерото.

На Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој по реновирање на тоалетот се што му било вишок фрлил во Езерото.

– Некој си го реновирал тоалетот. Секоја чест, БРАВО, пишуваат од „Akvatek“.

Во Охрид, на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, се поставени знаци забpaнето капење.

Отпадните води директно се влеваат во водите од езерото. Се работи за забрана за пливање на брегот на Охридското Езеро на потегот од Самоиловата тврдина, на плажите кон Партизан, Младост. Станува збор за населбата Воска, тоа е првата населба од тврдината кон Струга. На старата градска плажа, сега плажа Мизо, на кој потег летуваат 200-300 странски туристи, поставени се знаците за забрането пливање. Во одморалиштето Партизан моментално летуваат околу 100 деца.

Ова следува и покрај сите забрани и препораки од УНЕСКО.

И покрај сите предупредувања, препораки од УНЕСКО и дадени рокови за почетокот на спроведувањето на неопходните мерки, од вчера на една од плажите на Охридското Езеро беше поставен знакот за забрането капење.

„Ова е лудо. 21 година сум тука, ама вакво нешто досега не сум видел. Ова досега никогаш не се случило. Ало фотелјаши, вие што се грижевте, што кажувате дека ќе нѐ биде дали сте нормални? До кога ќе го уништувате и она малку убаво што остана во Република Македонија? Криминалци едни неспособни! Се работи за здравјето на луѓето, за уништување на природа, за уништување на туризмот“, вели во изјавата за МКД.мк универзитетскиот професор Самоил Малчевски, кои ги испрати овие фотографии.

Официјални инфомации за ова сѐ уште нема. Она од што го зборуваат мештаните дознаваме дека колекторот не бил во функција, паотпадните води, фекалиите директно се влевале во езерото. Забраната била поставена од Центарот за јавно здравје од каде одговорните лица по првите анализи на водата веднаш наредиле поставување на овие предупредувачки знаци.