Некои врски се сосема обични и се сочинети од момче и девојка, додека други се многу чудни и се составени од повеќе лица.
Верувате или не, Адам од Остин, Тексас, живее со две жени, а тоа е доволно за бомбастична новинарска приказна. Тој е во врска со двете девојки, Брук и Шед и врската пет години им функционира одлично. Тие живеат заедно, се прават заедно, нема кавги и како што вели Адам, се функционира беспрекорно.
Адам веќе има двегодишно синче со првата партнерка, а втората е бремена. Член на нивното семејство е и седумгодишниот Оливер, син на една од девојките од претходната врска.
– Супер е што сите ќе бидеме родители и ќе одгледуваме деца, вели тој.
Кога се дознало за нивната врска, сите ги критикувале, но тие велат дека се среќни и ќе продолжат да бидат заедно.
СОН НА СЕКОЈА ЖЕНА: Овој хороскопски знак е најдобар сопруг
Иако сите имаат различни вкусови, желби и очекувања, сепак сите жени сакаат на крајот да се омажат со некој кој ќе биде верен, ќе ги сака и ќе биде покрај нив. Според астролозите положбата на планетите на одреден хороскопски знак има значајно влијание врз карактерот на една личност.
Па така, мажот кој е роден во хороскопскиот знак Бик, се смета дека како сопруг ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Постојат некои описи кои го претставуваат Бикот како неморален, но тоа е само во исклучителни ситуации кога има силна потреба да го задоволи својот физички живот. Инаку, тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да запостави својот дом и семејството поради каков било интерес.
Тој ги обожува сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот. Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која има подобар материјален и социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се пробие во повисоките друштвени и општествени кругови.
Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што допринесува за тоа Бикот секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тие обожаваат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека тие му даваат сè на своето семејство. Кога еднаш ќе се ожени, Бикот најтешко се разведува.