Некој ве отстранил од листата на пријатели? Проверете го тоа брзо и лесно

ИЗВОРСкопје24
|

Сознанието дека некој ве отстранил од неговиот дигитален свет не е баш најубаво чувство. Но, од друга страна, пред да се навредите мора да бидете свесни дека тоа можеби не е воопшто нешто лично.

Можеби вашиот (поранешен) пријател едноствано го деактивирал или го избришал својот профил на Фејсбук.

За да дознаете зошто некој повеќе не се појавува на вашиот список на пријатели, ќе мора да истражите подлабоко.

Најдобро е да тргнете од Месинџер. За почеток, побарајте го поранешниот Фејсбук пријател во Инбокс. Ако сè уште е таму и не ве блокирал, неговото име и профилна фотографија мора да се појават во делот “Пријатели“. Кога ќе блокирате некого, тој ја губи можноста за започнување разговор со вас на Фејсбук.

Значи, ако сè уште можете да испратите порака, тоа значи дека не сте блокирани, туку само сте отстранети од листата на пријатели.

Меѓутоа, дури и ако бараната личност не можете да ја пронајдете на Месинџер, тоа не значи дека ве блокирала. Можеби едноставно “кренала раце’ од Фејсбук и го напуштила.

Со проверување на стари пораки може да наидете на сиви профилни фотографии од луѓе кои се означени како Фејсбук корисници. Такви фотографии им припаѓаат на луѓето кои биле ваши пријатели, но повеќе не се корисници на социјалната мрежа.

Можете да дознаете кому припаѓаат тие профили, така што ќе кликнете на сивата икона и ќе ја прочитате историјата на пораката.

Со скенирање на пораките и процесот на елиминација, можете да направите потесен избор на луѓето кои веројатно ве блокирале, но тоа е тежок и долготраен процес. Фејсбук едноставно добро го заштитил идентитетот на лицата кои блокираат.