Неколку корисни совети: Oвие се најдобрите места за летување со вашите деца во Грција

ИЗВОРСкопје24
|

Грција е земја која нуди одличен избор за родителите и нивните деца.

Топлата клима, близината до Македонија, безбедното и чисто море и љубезноста на грците се главните предности поради кои луѓето со деца ја избираат Грција за летен одмор и со задоволство и се враќаат секоја година.

Најважо од се на секој родител му е здравјето на своето дете. Ништо не е поздраво во текот на летото за детето како престој на море. Родителите со своите деца најчесто одбираат места на кои ќе можат да уживаат, да го поминуваат поголемиот дел од времето на плажа, односно сакат на своите деца да им го обезбедат најбезбеднто место за уживање.

Луѓето со деца генерално избираат тивки места кои не се популарни со луди ноќни забави. Песочна плажа, плиток влез во вода, топло море, без бранови и медузи, природна сенка, урбанизирана плажа – тоа е важно за родителите.

Ако во сместувањето нема организирана забава за децата, од суштинско значење е барем во овој град, да постојат неколку игралишта, аниматори, аква парк, мини зоолошка градина. Грција е позната по своите вили поставени веднаш до плажите што во нивните дворови имаат игралишта и базени за деца.

Ако изберете место со аеродром, директен лет до тоа место е најдобра опција. За многумина, најдобрата форма на патување во Грција е со сопствено возило, затоа што може да се запре, каде и кога и да посакате.

Ние ви ги препорачуваме овие дестинации во Грција каде што ќе си поминете прекрасно вие и вашите деца.

Халкидики

Белите песочни плажи и кристално чисто Егејско море се најдобра препорака за летување на полуостровот Халкидики.

Туристичките агенции имаат богати понуди така да можете да избирате помеѓу индивидуални и организирани групни тргнувања до најубавите делови на Касандра, Ситонија и Атос.

Во изминатите години се покажа дека Македонските туристи сакаат да летуваат во Грција, а аранжманите за Халкидики се и речиси најповолна опција за уживање на море.

На првиот полуостровски прст или крак сеедно, на Касандра, се сместени популарните туристички места Ханиоти, Полихроно и Пефкохори, кои се вистински скриен рај меѓу четинарите. Летувалиштата од Скопје се оддалечени над 300 километри, на околу 100 км од Солун. Со кола или автобус се стига за околу 4-5 часа возење.

Прекрасно место, во кое ќе уживате вие и вашите деца.

Сарти

На источниот брег на полуостровот Ситонија, со поглед на Света гора, е сместено сликовитото рибарско место Сарти. Во последните 10 години го откриле туристи и допринеле местото да се развие, да добие бројни таверни, продавници, хотели и апартмански куќи.

Местото е сместено на 3 км долга песочна плажа, а која се наоѓаат повеќето таверни. Близината на шумските брда и изолирани заливи, како и Солун и познати манастири, нудат можност за бројни излети.

Сарти е едно од местата на кои ќе уживате вие и вашите деца.

Неос Мармарас

Неос Мармарас е најпосетено летувалиште на полуостровот Ситонија. Го карактеризира кристално чисто море и две долги песочни плажи зад кои се наоѓа борова шума. Местото е идеално како за семејства кои бараат одмор и релаксација, така и за млади парови кои се желни за истражување на скриени и недопрени плажи во текот на денот и добри кафебарови и клубови во вечерните часови.

КРФ

Островот Крф е едно од најубавите места во Грција, познат е по своите убави пејзажи и плажи, како и по пријатната температура и бујна вегетација.

Градовите на источниот брег на Крф се препорачуваат за семејства, бидејќи морето е потопло и нема ветрови што ги зголемуваат брановите – Барбати, Мораитика, Ипсос, Касиопи, Гувиа.

Агиос Георгиос е исто така мало и тивко одморалиште со долги песочни плажи и плиток влез во вода. Плажата Агиос Георгиос е опкружена со маслинови градини.

Хотелите во Крф со четири или пет ѕвезди имаат дневни активности посветени на децата, како и игралишта во дворот. Исто така, постојат приватни станови на плажа кои имаат простор за анимација на децата. Во текот на летото, во градот се организираат проекции на цртани филмови. Во срцето на островот Крф се наоѓа и големиот аквапарк – aqualand-corfu.com

Тасос

Ако се прашувате кое е најдоброто место во Грција за деца, тогаш ви е потребен одговор каде да летувате во Тасос. Тасос е познат меѓу туристите како семеен остров.

Претставува совршен остров за одмор со деца во Грција – бујна вегетација и мирис на борови дрвја, долги песочни плажи со плитка вода, мали и мирни места кои не се познати по бучава и ноќен живот.

Родителите со деца ги препорачуваат следните места: Скала Потами, Потос, Лименас, Скала Рахони, Скала Мариес, Скала Скотирос.