|
Вчера во 18.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицта „Самуилова“ имало повредено лице од остар предмет, извести МВР.
– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека, по претходна расправија, неколку лица ги нападнале Е.М.(49), К.И.(71) и Р.А.(60), сите од Скопје, при што со остар предмет му нанеле повреди на Е.М., а со метален предмет ги нападнале К.И. и Р.А., соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.