Неколку лица загинаа во пукање на универзит во Ротердам

|

Полицијата уапси осомничен за пукање во Ротердам.

Според „Дејли мејл“, осомничениот, облечен во воена облека, отворил оган во училница во универзитетската болница и во блиската куќа, што довело до „повеќе смртни случаи“.

Официјални лица претходно објавија дека најмалку три лица се повредени во престрелките во Ротердам, за подоцна да кажат дека има мртви во два напади и дека приоритет им било прво да ги информираат семејствата на жртвите, а потоа јавноста.

Под хелиодромот на болницата е уапсен маж (32), а полицијата истражува негова можна вмешаност и во двете престрелки. Полицијата соопшти дека напаѓачот бил вооружен со пиштол.

Се додава дека пукањето предизвикало масовна паника и дека студентите, пациентите и здравствените работници побегнале од Медицинскиот центар Еразмус во Ротердам. На една од снимките на социјалните мрежи се слуша како луѓето врескаат по силна експлозија, а се гледа и дека во зградата избувнал пожар.

Подоцна се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси мажот откако упадна во зградата за да провери дали напаѓачот се уште е внатре.

До пукањето во Универзитетската болница дојде набргу по пукањето во блискиот дом, што полицијата исто така го истражува.