Неколку начини да ја намалите сметката за греење

|

Без разлика дали вашиот дом го греете на цврсто гориво, нафта, плин, дрва или струја, голема количина на енергија се губи. Денес таквите работи морате да ги земате во предвид, бидејќи многу се зборува за заштита на животната средина и подигнувањето на свеста кај оние кои за тоа не водат премногу сметка. Следат 11 совети како да се спречи таа загуба и како да ја намалите сметката за греење.

1.Изолација

Изолирајте го подрумот, гаражата, покривот. Ставете изолација над незагреаните места во куќата. Тоа би значело дека доколку во подрумот не греете, ставете изолација на плафонот во подрумот, и така задржете ја топлината на своите подови. На покривот, изолирајте го просторот кој има директен допир со надворешниот воздух.

2.Уште изолација

Изолирајте ги старите бојлери за вода и цевките за врела вода. Кога водата тече преку неизолирани цевки, таа се лади. Со изолацијата на цевките за врела вода и греење можете да заштедите до 1.200 денари годишно.

3.Не претерувајте

Држете ја температурата на топлата вода под 55 степени. И онака не можете да ги миете садовите во така врела вода.

4.Намалете ја температурата на термостатот

Ако ја намалите температурата на термостатот за само еден степен, ќе заштедите десет проценти енергија. Ова важи и летно време за клима уредите.

5.Вградете програмабилен термостат

Со помош на програмабилниот термостат, можете многу лесно да ја контролирате температурата во куќата кога нема да бидете дома. Зошто да трошите енергија во празна куќа.

6.Искористете ги природните извори

Во текот на денот оставете ги завесите и ролетните на прозорците отворени, така сонцето може да го грее вашиот дом преку прозорците. Исто така, додека работите користете повеќе природна светлина.

7.Затворете ги прозорците во текот на ноќта

Доколку имате ролетни, затворете ги и нив. Така ќе ја задржите топлината во текот на ноќта.

8.Поправете ги прозорците

Доколку прозорците ви се истрошени и стари, ладен воздух може да влегува во вашиот топол дом. Заменете ги прозорците или репарирајте ги.

9.Запечатете ја вратата

Ако чувствувате дека преку затворена врата поминува воздух, запечатете ја со леплива трака за изолација. Ситна инвестиција, а на сметката ќе ја приметите разликата.

10.Користете освежувач на воздухот

Во текот на сезоната на греење, воздухот е многу сув. Доколку користите освежувач на воздухот, температурата во куќата ќе ви се чини повисока.

11.Плафонски вентилатор

Доколку имате плафонски вентилатор, уклучувајте го повремено. Тој ќе го турка топлиот воздух надолу и во куќата ќе ви се чини дека е потопло. Доколку се одлучите само за некои од овие совети, сметките за греење ќе ви се намалат, а вие ќе се чувствувате поудобно.