Поради технички зафати во електро-системот на град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Аеродром, Сарај, Сопиште и Студеничани.
Во период од 09 до 11 часот без струја во Општина Сарај ќе бидат дел од корисниците во село Бојане, а од 12 до 14 часот тие од село Свиларе.
Корисниците на булеварот „Јане Сандански” од зградите со број 17, 19 и 21 во Општина Аеродром ќе бидат без елекрична енергија во период од 09:30 до 12:30 часот.
Без струја ќе бидат дел корисниците од село Долно Соње, десно од мостот кон крстот, Општина Сопиште во период од 09 часот до 14 часот.
Корисниците од село Моране место викано Света Петка од Општина Студеничани ќе бидат без струја во период од 12 часот до 14:30 часот.