Неколку скопски улици попладнево и вечерва ќе бидат без вода

ИЗВОРНов Лист
|

Прекин на водоснабдувањето од 18:00 часот ќе имаат дел од корисниците во скопската населба Чаир, соопштија од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Според информациите од претпријатието, поради уличен дефект од ф-80мм на улица „Славеј Планина” 47, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Прохор Пчински”, „Славеј Планина”, „Војдан Чернодрински” и улица „Дуќанџик”.