Неколку скопски улици утре ќе останат без вода

ИЗВОРНов Лист
|

Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок ф-200 нилиметри на улица „Иван Козаров“ број 22, и ќе трае до завршување со работните активности, информира РЦУК.

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „Боте Боцевски“ и „Тоне Томшиќ“, како и делови од „Доситеј Обрадовиќ“, „Георги Димитров“ и „Христо Татарчев“ во општината Кисела Вода, соопшти РЦУК по известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок ф-200 нилиметри на улица „Иван Козаров“ број 22, и ќе трае до завршување со работните активности, информираат од РЦУК.