Неколку совети како да заштедите пари на одмор

ИЗВОРНов Лист
|

Секое летување многумина од нас се соочуваат со истиот проблем. Како да заштедиме за да можеме да си приуштиме пристоенхј одмот. Можеби овие неколку совети ќе ви ги олеснат работите.

Резервирајте си хотел или апартман порано

Колку порано резервирате, толку поголем избор имате на поевтини хотели, а и повеќе попусти. Ако барате хотел еден месец пред да тргнете, сметајте дека сите хотели се веќе резервирани, па бирате од тоа што останало, а попустите поминале.

Не одете на одмор во шпицот

Одете на места кои се топли и во септември и во октомври и каде климата го дозволува тоа.

Одберете некое не толку популарно место

Наместо да одите во најлуксузниот град на плажа, можете да одберете помало место кое исто така се наоѓа на плажа, на кое ќе ја имате истата клима, а ако сакате да прошетате до големиот град, можете да отидете со автобус, еднаш или двапати.

Прашајте за екстра понуди

Ако сте во хотел, претходно прашајте кои сè бенефиции ги имате во хотелот, како екстра пеглање или перење, ужинки, туристички водич, сè што имаат да ви понудат како бонус.

Дознајте каде има евтина храна

Секако и каде има евтини плажи или такси. Ќе ви кажат и дали е поевтино да одите со воз или автобус до некоја дестинација.

Купете си мапа

Не плаќајте водич за да ве прошета низ градот. Нормално, ако лесно се снаоѓате во простор и ако шансите да се загубите се мали. Дури можете да истражите на Интернет што сѐ сакате да видите и каде се наоѓа секоја локација, па со автобус да ги направите сите прошетки.