Дуото „Некст Тајм“ на својот нов настап го истакнаа знамето од Кутлеш и предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.
На својот инстаграм профил, вокалот Стефан Филиповски пее со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, тема која е актуелна деновиве, откако поради Преспанскиот договор, се повлекува овој симбол од сите јавни места.
Пред неколку дена почна да се брише сонцето на Вергина од градските шахти, како и од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини, се покренаа бура реакции кај дел од граѓаните.
Затоа, еден битолчанец, пак, според објавата на Фејсбук, решил да ги во врати сонцето од Вергина на шахтите.
„АЈ БРУСЕТЕ СЕГА!“- Е ПОРАКАТА НА ГРАЃАНИН НА БИТОЛА КОЈ СО ШАБЛОН И БОЈА ГО ВРАЌА СИМБОЛОТ ОД КУТЛЕШ НА МЕТАЛНИТЕ КАПАЦИ ОД УЛИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ГРАДОТ.