Нема абер од законот со кој треба да се намалат функционерските плати

|

Функционерите ја трошат првата покачена плата од 78%, за десетина дена 1060 носители на јавни функции на своите сметки треба да добијат и за тековниот месец. Секојдневните реакции од синдикалните организации не стивнуваат, како има пари во буџетот за своите плати задскривајки се позади одлуката на уставен суд,за останатите вработени од јавниот сектор средства нема.

Одговорните во власта цело време велат дека се работи на решението но кога тоа ќе се изнајде се уште не се знае.

Просечните плати се во пораст според објавените податоци на државниот завод за статистика објавени денес исплатената нето плата во март е 34.925 денари, колкаво ќе биде влијанието врз просечната априлска нето плата токму од функцинерското покачување со одлука на уставен ќе покаже следниот извештај на ДЗС што треба да се објави за еден месец.

Ставот пак на првиот финансиер Фатмир Бесими е тоа дека платите во јавниот сектор ќе растат според добро воспоставен систем и една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Револтот кај синдикалците е се поголем до кога трудот на функционерите ќе се вреднува повеќе од оној на работниците и тие ќе земаат плата над 2000 евра.