Од платежните картичките добиени од мерките на владата граѓаните нема да можат да подигнат пари на банкоматите, туку само ќе може да платат услуга или производ во продажен или услужен објект во земјата, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Ангеловска рече дека изгледот и употребата на платежните картички се подготвуваат и ќе биде донесена посебна Уредба.
– Моментално се работи на подготовка на начинот на изработка на овие картички заедно со банкарската асоцијација. Процедурите се во подготовка како и Уредбата која треба да биде сеопфатна – информира рече Ангеловска на денешната прес-конференција..
За оваа мерка се одобрени 25 милиони евра кои ќе бидат насочени кон граѓаните. Ангеловска рече дека Уредбите за мерките од тертиот пакет за подршка на граѓаните оперативно се работатат и ќе бидат донесени следната недела.
– Аплицирањето ќе биде најлесно и едноставно – рече Ангеловска.
Таа рече дека веќе имаат прелиминарна листа на граѓани на кои треба да им се дадат ваучерите и платежните картички, а граѓаните ќе можат преку платформа на Министерството за информатичко општество да проверат дали им следува некоја од мерките.
Граѓаните платежните картички ќе ги добијат најдоцна до јули, но ваучерите ќе можат да ги користат до крајот на годината.