Нема да ви требаат многу пари и време – Направете си сами масло за самопотемнување

|

Бронзен тен речиси нема жена која не го посакува, а во пресрет на летото ви нудиме рецепт кој ќе ви помогне во тоа. Сè што ви треба е маслиново масло, моркови и ореви.

Состојки: – 3 децилитри маслиново масло; – 2 моркови; – 6-7 ореви (се препорачуваат млади ореви).

Подготовка: 1. Изрендајте ги морковите, иситнете ги оревите и прелијте ги со маслиново масло. Потоа смесата ставете ја во стаклена тегла и добро затворете ја.

2. Оставете течноста да отстои на сонце околу 4 седмици (идеално би било 40 дена).

3. Потоа, процедете го маслото во шише со прскалка поради полесно користење.