Нема електронски картички за јавен превоз

ИЗВОРСкопје24
|

Нема електронски картички за јавен превоз за граѓаните. Не можат да се најдат на продажните места, бидејќи истите веќе се потрошени.

Не можете да си купите месечна карта, ниту да извадите нова пензионерска. Одговорот е дека и персонилизираните и неперсонилизираните кратички ќе стигнат после Нова година.

Од Јавното сообраќајно претпријатие, велат дека веќе ги порачале во Македонски Телеком. Според нив, порачаната количина од 250 илјади картички, се очекува да пристигне на почетокот на 2019 година.

-Можно е на одделни продажни места да нема персонализирани картички. Во изминативе неколку дена, имавме пријава само од три локации за недостиг на истите. Веднаш е направена порачка кај Македонски Телеком АД Скопје, со кој ЈСП Скопје има склучено договор со важност од една година за испорака на 250.000 електронски картички за систем за електронска наплата на билети. Согласно условите од договорот, се очекува нарачаната количина да биде испорачана во првите денови од новата 2019 година, велат за телевизијата од ЈСП Скопје.