Нема кој не го знае Силвестер Сталоне, а вака изгледа неговиот помлад брат: Френк „растура“ во свирење гитара и пеење

ИЗВОРСкопје24
|

Американскиот актер Силвестер Сталоне (74) со децении важи за еден од најпопуларните суперѕвезди во Холивуд. Неговата слава далеку ги надмина границите на Соединетите држави, а малкумина во светот не знаат кој е тој.

Ако не сте знаеле, Силвестер Сталоне има помлад брат, неговото име е Френк, (69), кој е музичар. Сталоне јуниор направил музика за филмовите на неговиот брат , како и за други филмови.

Можеби најпознатата филмска песна на Френк Сталоне е „Far from Ove“ од филмот во 1983 година „Staying Alive“, во која глуми Џон Траволта. Неговата песна стана хит, на листата на Билборд, Хот 100, еднаш се најде на 10-то место.

Покрај филмската музика, Френк напорно работеше на соло кариера, а зад себе има осум студиски албуми.

Дека Сталоне е млад и сè уште е во форма, за што сведочи еден клип кој неговиот славен брат Силвестер го објави на Инстаграм. Се прикажува како Френк изведува во живо, а многумина биле воодушевени како пее и свири гитара.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

– Мојот брат Френк Сталоне „растура“ во клубот „Вибратос“ во Западен Лос Анџелес. Имајте одлична вечер, одличен пејач … “, коментираше Силвестер за настапот на својот брат Франк.