До август 2021 година сите лични документи се издаваа со името Република Македонија. Иако уставните измени за промена на името во Северна Македонија минаа на почетокот на 2019 година, сепак, со неуставно име, речиси, две години се издаваа нови лични документи. Надлежните велат дека потребно било подолго време за тоа да се прилагоди технички и да пристигнат обрасци со додавката Северна.
Граѓаните имаат рок до средина на февруари да ги променат личните документи по повисока сума. Народниот правобранител застана во одбрана на граѓаните вели државата е должна сама да обезбеди финансии за тоа што го наметна.
Министерот Спасовски денеска одговори дека нема одлука личните документи да бидат на товар на буџетот.
Времето ги притиска граѓаните. Иако министерот Спасовски кажа дека нема да бидат казнети оние граѓани кои нема да успеат да ги променат документите, граѓаните сепак испаничени бараат помош од народниот правобранител.
За помалку од пет месеци сите граѓани имаат задолжителна обврска да ги променат личните документи.