Проценката на владата е дека нема потреба од активирање на стоковите и нафтените резерви, како што бараат стопанствениците, бидејќи има континуирано снабдување со суровини и репроматеријали во производствените процеси.
ВО ДЕЛОТ НА ЦЕНАТА НИЕ ВЕЌЕ ПРЕЗЕМАМЕ МЕРКИ, ТИЕ СЕ ВЕЌЕ ВО ФУНКЦИЈА, КАКО ШТО СЕ НАМАЛУВАЊЕТО НА ДДВ, ДАВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА НА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ, УКИНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ВЕЌЕ КАЖАВ ДЕКА ЌЕ ИМА И БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ, ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ОВИЕ ПРОИЗВОДИ. АКО Е ПОТРЕБНО И АКО ИМА ДОПОЛНИТЛЕНИ ГОЛЕМИ ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ВО ДЕЛОТ НА ИНПУТИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВО ФОРМИРАЊЕТО НА ФИНАЛНАТА ЦЕНА, НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕДНЕМЕ И ДА ДОНЕСЕМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ СО ЦЕЛ ДА ГО УБЛАЖИМЕ ЦЕНОВНИОТ ШОК, РЕЧЕ БЕКТЕШИ.
Пуштањето на стоковите резерви за стопанството ќе значи суровини и репроматеријали по ниски цени, кои би им ги намалиле трошоците за производство.
ВЕЛИТЕ ДЕКА СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ НЕМА ПОТРЕБА СЕГА ДА СЕ АКТИВИРААТ. А АРГУМЕНТИТЕ КОИ СЕ, ЗАТОА ШТО ИМАЛО НА ПАЗАРОТ. НИЕ НЕ ВЕЛИМЕ ДЕКА НЕМА НА ПАЗАРОТ, НИЕ ВЕЛИМЕ ДЕКА НИ ТРЕБААТ ПО СООДВЕТНИ НИСКИ ЦЕНИ, КАКО ИНПУТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА ДА ЈА ПРЕЖИВЕЕМЕ ОВАА КРИЗА. ЗБОРУВАМ ЗА МАЛИ, МИКРО И СРЕДНИ КОМПАНИИ, БИДЕЈЌИ ЗНАЕТЕ И САМИТЕ ДЕКА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ПОКАЖУВААТ КОЛКУ Е МАЛА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА КОМПАНИИТЕ, РЕЧЕ ГОРАН ГЕОЃИЕВСКИ ОД СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ.