Грееното вино во овој период од годината е одлично за оние кои сакаат малку повеќе да се релаксираат и да уживаат во неговиот прекрасен вкус.
Основниот рецепт е едноставен, вино, шеќер и зачини, а уникатноста се постигнува со нивното комбинирање.
Во него можете да додадете и кора од портокал додека се вари, цимет, мускатно оревче, каранфилче и цимет, ванила, сируп со вкус на шумско овошје, исцедена мандарина, да додадете ловоров лист, малку бибер…
Во продолжение погледнете еден рецепт кој сигурно ќе ви се допадне:
2 шишиња квалитетно црно вино 2 мандарини Една лимета 300 гр шеќер 6 каранфилчиња Едно стапче цимет Едно стапче ванила 3 ловорови листа Мускатно оревче Анасон
Подготовка:
Во тенџерето ставете го шеќерот, сокот од лимета, изренданата кора и сокот од мандарините. Ставете ги и зачините и залејте со малку вода и варете додека да добиете сируп. Потоа додадете го виното и варете додека да се соединат состојките. Процедете го пред послужување.
Вкусот можете да го збогатите со рум, ликер од вишни или од бадем, за да добие посебен вкус.