Не постојат домаќинки кои не сакаат да имаат чиста рерна и шпорет.
Во текот на чистењето на кујната голем број од нив забораваат да ја исчистата рерната па неретко се случува да помине и повеќе од еден месец пред рерната повторно да засвети.
Неколку домаќинки дојдоа до генијално решение и едноставен метод кој во потполност ги вади масните наслаги од печење и ја остава рерната беспрекорно чиста без да ја чистите со часови.
Се што ви треба е таблета за машинско миење садови, алуминиумска фолија и сад со врела вода. Процесот трае најмалку два часа. Но во текот на тие два часа вие можете да слободно да седите во фотелја и да ја гледате вашата омилена серија додека нешто друго работи за вас.
Овој трик може да се користи на било која рерна и сите нејзини делови, па дури го чисти и прозорчето од самата рерна.
Постапката е едноставна. Извадете ги од рерната сите делови и обложете ги со алуминиумска фолија. Потоа, наполенете сад со врела вода и ставете ги сите делови од рерната во садот. Мораат да бидат потопени во целост . На површината ставете таблета за машинско миење садови и оставете така да одстои во рерната два часа.
На крај избришете со магична крпа.
Оваа метода го освои интернетот со оглед дека луѓето се воодушевени од начинот на кој се чисти рерната.
Доколку немате машина за миење садови, со тоа ниту потребните детергенти кои одат со неа, можете да се послужите со обичен детергент за перење облека.