По една година од воведувањето на мерката за ограничување на трговските маржи, цените на основните прехранбени производи од денеска се формираат по пазарни услови. На првиот ден од одмрзнувањето на маржите нема драстична промена во маркетите, велат граѓаните, кои сепак се жалат на перманентното поскапување на храната во изминатиот период, посебно на млечните производи, но и зеленчукот. Лебот, и денска се продаваше по цена од 33 денари.
МЕШАНО Е НЕШТО ПОСКАПО, НЕШТО НЕ Е. СИРЕЊЕТО Е ПОСКАПО. ОД ВЧЕРА ЗЕЛЕНЧУКОТ Е ПОСКАП, ДОМАТИТЕ 100 ДЕНАРИ СЕ, ЦРЕШИ 150, ПИПЕРКИТЕ 80, ТОА Е МНОГУ, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ДА КУПИ, ВЕЛАТ ГРАЃАНИТЕ.
Граѓаните стравуваат дека допрва претстои поскапување на основните прехранбени производи.
ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ, АКО ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМА, ЌЕ ИМА, ВЕЛИ БИТОЛЧАНКА.
Владата лани во јуни, како една од антикризните мерки, ја донесе одлуката за змрзнување на трговската маржа на белиот леб, шеќерот, маслото, брашното, јајцата, тестенините и млечните производи. Важноста се продолжуваше во неколку наврати, а од Министерството за економија рекоа дека домашните цени се стабилизирани, но доколку има потреба да се воведе повторно ограничување на трговските маржи тоа ќе се спроведе.
Од Организацијата на потрошувачи предупредија на можни шпекулации од страна на трговците и апелираат надлежните будно да ја следат состојбата и да преземат одредени мерки ако се забележи скок на цените на основните прехранбени производи.