Нема враќање во училишните клупи: Учениците до 10 јуни ќе ja следат наставата онлајн

ИЗВОРНов лист
|

Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи. Тие до крајот на учебната година, наставата ќе ја следат онлајн.

Ова го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испот за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

Како што кажа Адеми, на овој начин матурантите ќе избегнат стрес и ќе се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават накјдоца до 15 јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.

Има уште неколку мерки кои ги соопшти Адеми за, како што рече, непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во услови на ваква кризна ситуација, а се донесени во партенрство со други инстируции и граѓанскиот сектор.