Нашите стари верувале дека одредени работи носат среќа, односно несреќа во домот. Еве на што треба да внимавате доколку сакате да ви тргне на добро и да се решите од „малерот“:
Не е добро да градите куќа на истото место каде била старата куќа. Во куќата треба да се вселите за време на полна месечина, за куќата секогаш да биде полна.
Ако огнот гори слабо, доаѓаат врнежливи денови. Ако чадот оди кон земјата, ќе има дожд. Не е добро да стоите на отворена врата во куќата кога грми. Не е добро да седите на куќниот праг. Не е добро да оставате ѓубре преку ноќ во домот.
Ако на некого му испадне залак од уста, тоа е знак дека некој од неговите роднини е гладен. Не е добро да седите на ќош/агол на столот. Не е добро да оставате леб наопаку.
Ако дете одеднаш се исплаши, треба да му дадете вода. Ако рано на пролет се појават змии, доаѓа убаво време. Гнездо на ластовици во куќата носи среќа. Кога туѓа мачка или куче пријдат до куќата носат среќа. Не е добро да убиете пајак, бидејќи носи среќа. Грев е да убиете пчела.
Сепак, ова се само верувања и не ги земајте здраво за готово.