„Немавме каде да спиеме“ – Мајката на Милица Тодоровиќ открива низ што се поминувале

ИЗВОРНов Лист
|

Познатата пејачка и поранешна победничка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Милица Тодоровиќ (31) од својата 14-та година е под будното око на јавноста, а најголема поддршка сите овие години и беше нејзината мајка Јасмина.

Јасмина досега сме имале можност да ја видиме само неколку пати, а последниот беше пред половина година, кога таа се приклучи на една емисија каде што гостуваше Милица.

Таа потоа откри дека поминува низ многу непријатни ситуации со нејзината ќерка, непроверени наслови на весниците, неуспеси и успеси, и наведе малку познати детали од минатото.

– Се случуваше три пати неделно да патува во Белград, се случуваше да немаме пари, да немаме каде да спиеме кога ќе заврши натпреварот – изјави тогаш Јасмина Тодоровиќ.

– Милица сака да пее во родниот град, но никој досега не и се јавил. Би сакала да пее на нашиот Плоштад затоа што тоа го заслужужува – изјави мајката на Милица.