Овен (21.03 – 20.04)
Идејата која ја имате не треба да се истакнува како најдобро деловно решение. Доколку внимателно го следите развојот на настаните на деловната сцена, ќе ви биде јасно на кого треба да сметате во соработката.
Бик (21.04 – 21.05)
На вас големите зборови не ви значат многу, па затоа и не обрнувате многу внимание на нечија приказна за деловно-финансиската соработка. Сепак, ќе се покаже дека ненадејната среќа е на ваша страна тогаш кога најмалку очекувате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се наоѓате во добра психофизичка форма. Доволно сте способни да ги остварите своите деловни намери, вашиот успех се наоѓа над просечните оценки и мерила. Нема причина за претерување во однесувањето или лажната скромност.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате впечаток дека неправедно трпите поради негативното влијание или нечие нерасположение. Се наоѓате под тешки околности но сепак немате изговор за неисполнетите обврски. На средбата со саканото лице прифатете некоја утешна варијанта.
Лав (23.07 – 22.08)
Направивте погрешен избор и сега ви преостанува да го корегирате својот деловен пропуст. Успехот понекогаш изгледа недостижно, но околностите секогаш се менуваат. Важно е да извлечете добра порака и да останете истрајни во своите намери.
Девица (23.08 – 22.09)
Во деловниот дијалог нечии манири и однесување за вас ќе бидат збунувачки. Понекогаш е тешко точно да процените кој или колку добива во деловно-финансиската соработа. Нема потреба упорно да ја наметнувате својата волја пред семејството или блиските лица.
Вага (23.09 – 22.10)
На погрешен начин ги толкувате различните информации или новите случувања кои ги препознавате во деловното опкружување. Понекогаш работите изгледаат целосно поинаку од впечатокот кој се обидува да ви го наметне некој од соработниците.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
На некој му недостасува искреност, а на вас трпение и поради тоа деловната средба се претвора во нова расправа. Нема потреба да очекувате претерана попустливост или разбирање, кај лицата кои строго инсистираат на практичните интереси.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку не разбирате нечии мотиви или идеи, не можете да ја прифатите ниту важноста на различните правила во деловно-финансиската соработка. Бидете внимателни во бизнис дијалогот, бидејќи недоразбирањето донесува дополнителни компликации.
Јарец (22.12 – 20.01)
Вашата интуиција во овој момент делува скоро непогрешливо, умеете да ги процените различни соработници и нивната улога во деловните преговори. Бидете упорни во своите деловни намери. Ве очекуваат пријатни настани во кругот на семејството или на средбата со саканото лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имате впечаток дека околината премногу прави бука за некои споредни случувања. Непотребно се поставуваат различни услови кои го комплицираат продолжението на деловната соработка. Важно ви е да ги избегнете негативните последици.
Риби (20.02 – 20.03)
Забележувате дека соработниците не го исполнуваат својот дел од работата, што автоматски се одразува на вашата мотивација и заедничкиот успех. Сепак, ова не е момент да се пресметувате со неистомислениците. Избегнувајте судир со лице кое има сомнителна репутација.