Ненадејно почина ѕвездата од Големиот Брат – имаше само 37 години

|

Моника Сиријани, ѕвездата на италијанското реалито шоу Големиот брат, починала на само 37 години, откако колабирала за време на ноќно излегување, објавија локалните медиуми.

Како што е соопштено, на оваа девојка во петокот вечерта ненадејно и се слошило додека била излезена со пријателите, по што итно била пренесена во болница.

Лекарите не можеле да направат ништо, и само да констатирале смрт.

Поранешната ТВ ѕвезда се појави во 12-тата сезона на италијанската верзија на реалното шоу Велики Брат, кое се емитуваше помеѓу 2011 и 2012 година и од тогаш се стекна со слава.