На еден од најпознатите сајтови за огласи, осамна понуда која навистина звучи неверојатно. Во прашање е стан од 150 квадрати во Белград, со клима, камин, интернет, тераса и паркинг.
Како што се наведува во огласот, постара , ситуирана и толерантна госпоѓа, која живее сама, би пружила бесплатно , исклучиво на женска особа, вредна студентка, да живее со неа до крајот на студиите.
Како што стои во текстот, газдарицата на станот е при здраб разум и ведар дух, со неодамна нарушена здравствена состојба поради стрес и ненадеен губиток на сакана личност.
Имала инфаркт и полесна хируршка интервенција, после која успешно се опоравила. Она што е посебно важно е дека овој оглас не е од личност на која и е потребна помош и грижа па за возврат да го дава станот бесплатно.
-Овој оглас го огласил роднина во договор со бабата, поради тоа што сите од семејството сме со обавези и сакаме некој примерен да живее во станот со нашата роднина за да биде безбедна и таа и ние, да не е сама. За возврат очекуваме да е девојката одговорна, поштена, воспитана, хумана и нормална, да се однесува како да е во своја куќа и со својата баба- пишувало во огласот.
Од неа не се бара да биде медицинска сестра ниту чистачка за бабата, освен да купи по некоја намирница за дома или лекови, тоа е се- навеле во огласот.
Малку е да се каже дека овој оглас предизвикува солзи кај оние што го прочитале. Огласот е привлечен но сеуште отворен, во потрага по добра девојка која ќе живее со бабата.