Актерката Ева Рас за време на последното телевизиско појавување се пофали со необичен рекорд кој го собори.
Имено, како што открива Ева, таа завршила во Гинисовата книга на рекорди за учество во реалното шоу „Фарма“.
– Реалните шоуа се прикажуваат со децении, но јас сум првиот човек кој е академски граѓанин што се појави пред камерите. Поради таа факултетска диплома ме повикаа да ме внесат во Гинисовата книга на рекорди – изјави Рас.
-Сега да ме запишат и по втор пат бидејќи јас сум единствената јавна личност која има профили на социјалните мрежи, но немам лајкови на фотографии и статуси. Нема да им се допаднам ни на моите колеги актери – додаде актерката.