Необичниот изглед на Антониа Гиговска предизвика лавина коментари, но најжесток беше оној од саканиот

ИЗВОРСкопје24
|

Младата пејачка Антониа Гиговска не мирува. Таа постојано е во турбо период, особено откако нејзината актуелност на музичката сцена порасна поради учеството во шоуто „Пинк ѕвездички –all stars“.

Антониа сериозно си ја сфати работата, и на големо работи на себе во комплетна смисла. Сега кога со работа и труд акциите заслужено и пораснаа, младта скопјанка како вистинска ѕвезда веќе извесен период има стилист кој се грижи за изгледот на секое нејзино значајно појавување.

Ангажманите по завршувањето на талент шоуто се редат во агендата, а со тоа и уникатните стајлинзи. Овој пат на последната објава на својот профил на Инстаграм, Антониа постави фотографии на кои носи ексцентричен стајлинг сочинет од црвени хеланки врз кои облече црвено трико, а целиот изглед го заокружи со машка кошула.

Коментарите со ласкави комплименти од обожавателите се редеа, а рамнодушен не остана ниту нејзиниот сакан, пејачот Иван Јованов кој и напиша:

„O o o, здраво маче“ коментираше тој, а за неговата реакција непосредно, може само да нагодуваме.

„Душо, те сакам“ – возврати Антониа со излив на емоции.