Неодамна го изгуби кумот Шабан, а сега уште еден маж замина за секогаш, на еден месец пред да се породи нејзината ќерка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Зорица Брунцлик неодамна беше погодена од немилиот настан која се случи неочекувано, откако во сообраќајка животот го загуби кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ со кого беа кумови.

По болката и тагата, семејството го погоди нов немил настан, замина и братот на пејачката.

-Зорица за кратко време ја напуштија двајца блиски мажи, откако едвај се опорави по заминувањето на нејзиниот кум Шабан, овој пат остана без својот брат кој се занимаваше со музика, вели за српските медиуми сопругот Кемиш.

Тој во една прилика истакна дека со Зорица не биле во добри односи веќе пет години, но потоа го обновиле контактот.

„Едвај успеав да се смирам со неа пред 5 години, бевме во кавга поради весниците. Се што ќе кажам можат да го искористат против неа, а јас тоа не го сакам. Не сакам повторно да имам лош однос со неа“ изјави Брунцлик пред 9 години.

Зорица истакна дека како дете живеела во беда, но кога ги заработила првите пари изградила куќа за нејзината мајка и братот Љубивоје.

Инаку семејството овој период чека и принова од нивната ќерка Злата која е пред породување.