Пред неколку месеци, светот го обиколија првите слатки фотографии од бебето Чанко. Благодарение на бујната коса, слатката Јапонка стана вирален хит на 6-месечна возраст.
Малата бушавка пред две недели го прослави својот прв роденден со снимањето на својата прва голема реклама. Во видеото на Pantene е раскажана нејзината приказна од нејзина перспектива.