Непалци на Балканот: Ги ставаат куќите под хипотека за да заработат за женидба и автомобил

|

Доаѓањето на работа во Вараждин за нив било богатство. Младите Непалци и Индијци, вкупно 350, за тоа на непалските агенции им платиле 7.000 евра.

Непалците во својата земја заработуваат просечно по 150 евра, па можноста за работа во Виндија, Вис, Марлекс ја платиле со 36.6 отсто од непалските плати или повеќе од три години работа.

Тие пари им ги позајмиле банките со помош на хипотека на семејните куќи, а тие месечно им враќаат по 500 евра. Остатокот од заработката ги испраќаат на фамилијата. Бидејќи платата во просек им е околу 600 евра според тие пресметки нив за трошење речиси ништо не им останува.

Сепак постојано се насмани. Дел од Непалците во банките одат со велосипеди кои им ги дале нивните работодавци.

„Во Непал велосипедите ги возат само богаташите и никој друг не може да си го дозволи тоа“ – зборува Бибрк Таманг.

„Тука заработувам пари кои ги планирам за да си купам куќа во Непал. Три години работа во Хрватска би биле доволни за да заработите за убава куќа. Во Непал поголемиот дел од жителите живеат во изнајмени станови во градот, а во селата се живее во колиби од кал. Се надеваме дека ќе заработиме доволно и за автомобил и женидба“ – зборуваат тие среќни.