Неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала

ИЗВОРНов Лист
|

– Владата денеска, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата.

Средствата кои се наменети за Град Скопје треба да се искористат за реконструкција на Универзалната сала.

На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на Министерството за финансии, Владата треба да го разгледа и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“.

Седницата ќе почне во 12:30 часот, ќе се одвива преку видеоконференциска интернет комуникација, а за донесените одлуки и заклучоци ќе биде испратено соопштение.