Непријатен мирис на телото и лош здив: Овие намирници ќе ви помогнат да се ослободите од него

ИЗВОРСкопје24
|

Прекумереното потење предизвикува непријатен мирис, а постојат неколку решенија против тој проблем.

Маслото од кокос му дава на вашето тело пријатен и лесен мирис, а она што го содржи во себе помага во борбата против проширувањето на бактериите кои го предизвикуваат непријатниот мирис. Самата пот нема да исчезне поради кокосовото масло, но непријатната миризба нема да се чувствува како претходно. Се препорачува кокосовото масло да го ставите под пазувите веднаш по туширањето.

Лимон и сличните цитрусни овошја одлично функционираат во борбата против лошиот мирис на нозете и непријатниот здив. Лимонот во себе содржи киселина која се бори против бактериите, и се препорачува една чаша вода со лимон сабајле доколку сакате да го спречите проблемот со лошиот здив. Уште една корисна опција е да исцедите пола лимон, да го нанесете на пазувите и на нозете, оствете го да се исуши и можете да се истуширате.

Магдоносот е намирница која се користи за многу работи, а малку е познато дека игра одлична улога во отстранувањето на непријатните мириси. Непријатните мириси исчезнуваат од користењето на магдонос.

Доколку уживате во вкусна храна, а сакате да го намалите непријатниот мирис на телото, внесувајте цимет што почесто. Во дневниот распоред на храна и пијалак вметнете го зелениот чај бидејќи е полн со органски киселини кои се борат против развивањето на бактерии. На листата додајте и рузмарин кој содржи ментол и помага во одржување на нормалната миризба на телото.

Подготви: Ф.И.