Непријатни вести за Близнаците, одличен ден за Стрелецот: Дневен хороскоп (05.07.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Најзначајно за вас денес е искористувањето на вашите ментални потенцијали. Ќе бидете постојано исполнети со прогресивни идеи, кои ќе наидат на одличен прием, било каде да ги презентирате. Начинот на кој тоа го правите е професионален и оставате силен впечаток кај сите ваши слушатели.

Бик (21.04 – 21.05)

Во тмурното расположение кое моментално ве притиска последна работа која ви е потребна е кавгата со блиско лице, но токму тоа е можно да се случи денес. Бидете паметни и возвратете со вистинската мера, говорејќи го она што го мислите за луѓето да сфатат што ве навредува.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не се навраќајте на старите нешта. Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.

Рак (22.06 – 22.07)

Обидете се да не акумулирате нервоза. Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и кон семејството.

Лав (23.07 – 22.08)

Состојбата на емотивен план, полека, но сигурно ви се подобрува, што укажува дека многу поподготвено ќе ги пречекате љубовните искушенија. Затоа, активирајте ја силата, покажете дека имате капацитет за следење на авантурата и надминете ги дисхармоничните влијанија на лицата кои ве опкружуваат.

Девица (23.08 – 22.09)

Новиот развој на настаните во врска со романтичната страна на вашиот живот има добро влијание на вас. Една работна обврска ве одвлекува од приватниот живот. Што побрзо ја завршите ќе можете повторно да продолжите по старо. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде.

Вага (23.09 – 22.10)

Можно е вашите здравствени тешкотии најчесто да бидат предизвикани од дополнителниот психолошки стрс и големите притисоци на кои ќе бидете изложени поради својата кариера и интерперсоналните врски или односи. Можна е главоболка.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во љубовниот и семејниот живот ќе морате да вложите малку повеќе енергија од нормата на која сте навикнале. Понекогаш љубовта бара и поголемо жртвување, докажете дека го умеете тоа и дека блиските ви се многу повеќе важни. Ги надминавте сите граници кога станува збор за тежината, внимавајте на исхраната.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Пред вас е период кој носи широки можности за професионално усовршување и напредување. Ќе успеете да ги остварите сите големи амбиции, но неопходни се извесни одрекнувања. Во љубовта се е совршено.

Јарец (22.12 – 20.01)

Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.

Водолија (21.01 – 19.02)

Независно од својот емотивен статус или годините, уживајте во се што ве прави задоволни, среќни и исполнети. Препуштете им се на своите чувства. Не би било лошо да активирате некои стари познанства кои се „кријат“ во вашиот телефонски именик.

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се зголемува опасноста од кавги кои ќе го ограничат вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема погрешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи.