Согласно со Законот за празниците, 22 ноември 2020 година (недела), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија, соопштува министерството за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.