Нереално убав природен спа кој веднаш ќе сакате да го посетите

ИЗВОРНов Лист
|

Лас Грутас де Толантонго или пештерите Толантонго е прекрасно место со нереален изглед кое се наоѓа на три часа возење од Мексико.

Овој мистичен рај на земјата крие 30 топли природни минерални базени, скриени во кањон во местото Хидалго.

Лас Грутас де Толантонго е совршена локација за бегство од секојдневието и место на кое ќе го нахраните вашето тело и ум. Базените имаат тиркизно сина нијанса од минералните соли, а истите се опкружени со слапови, бујни шуми, термални пештери и бескрајно синило.

E7F10G Falls and cave at the Tolantongo Hot Springs in Hidalgo, Mexico.
Долго време било скриено од очите на јавноста, а потоа во 1970-тите започнала изградба на ресорт во близина, со што станало многу популарно одморалиште помеѓу туристите од целиот свет.

За љубителите на авантура, одморалиштето нуди и зип лајн долг 1800 метри, но и кампување доколку не сакате да преноќите во ресортот. Можете да ги истражувате соседните пештери, да уживате во убавината на водопадите или едноставно да одмарате во природната парна бања во еден од базените.

Изгледа магично, зарем не?