Наоми Кембел со децении е на јавната сцена и е повеќе од успешна во манекенството, но ни во 49-тата година од животот не е спремна да стане мајка.
Црната пантерка е целосно посветена и на проектите надвор од својата професија, но вели дека нема време да се посвети на основање семејство и раѓање деца. Наоми изјавила дека сè уште се чувствува неспремна за тоа, но и дека себеси се гледа како мајка на децата во Африка на кои им помага преку своите проекти.
На прашањето дали ќе има деца, таа одговорила:
“Сè уште не, ќе видам што ќе ми донесе универзумот”, рекла Кембел и нагласила дека моментално е сама, но не и осамена.
Манекенката истакнала и дека пороците се зад неа, како и дека е среќна што победила во борбата против дрогата и алкохолот.
“Преживеав, немам чист живот и не се преправам. Бев првата која призна дека е зависник и благодарна сум му на Бога што сум зависник кој закрепнува”, нагласила Наоми.